Меѓународниот саем Halal Expo Сараево 2025 вчера официјално беше отворен и ќе трае три дена, со учество на над 60 изложувачи од повеќе од 20 земји! Настанот има за цел да поттикне иновации, инвестиции и бизнис-соработка во секторите на халал економијата и недвижностите.

Делегација од Invest North Macedonia, предводена од директорот Рефик Џемаили, ја претставува нашата земја со национален штанд, промовирајќи ги инвестициските можности и извозниот потенцијал на македонските компании.


Во текот на изминатите два дена се реализираа значајни средби со:
– Претставници од Министерството за надворешни работи на Индонезија – со интерес за соработка во енергетиката,
– Потенцијални инвеститори и владини агенции од различни земји,
– г-ѓа Манал Алмадани од Саудиска Арабија – специјалист за халал лиценцирање, со интерес за соработка со македонски компании,
– Агенцијата за странски инвестиции на Црна Гора – со предлог за потпишување на Меморандум за соработка,
– г-дин Абдула Алшеки – туристички експерт кој изрази интерес за организирање туристички посети од Катар кон Македонија.

Агенцијата останува посветена на промоција на Северна Македонија како сè поатрактивна дестинација за одржливи инвестиции и меѓународни партнерства!

