Invest North Macedonia со поддршка на растот на домашните компании

FB_IMG_1610559009113

Соко Горица Скопје е семејна компанија со долга традиција во производство на овошни пијалоци, која датира од 1994 година и еден од најголемите производители на сокчиња во дојпак пакување во регионот. Има производствен капацитет од над 10 000 парчиња на час и поседува сертификат за ISO 22000 системот за квалитет и во фаза на имплементација на IFS.

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дејан Павлески ја посети компанијата која е корисник на финансиска помош од Владата за мерките за раст на капиталните инвестиции и зголемување на конкурентноста.

Посетата е значајна за двете страни заради континуирана и подобрена соработка и поддршка на иновативни и нови решенија што ќе го зголемат производството, а со тоа и целиот извоз на земјата. Во 2018 година, Соко Горица потпиша договор за доделување финансиска поддршка со Владата на 5 (пет) години за оправдани трошоци за инвестиции.

Оваа поддршка беше поттик за компанијата која всушност е ориентирана кон извоз и повеќе од 95% од производите се пласираат на пазарите во над 30 различни земји, ширум светот и вработува 60 лица кои се посветени на производство и продажба на повеќе од 30 милиони сокови годишно.

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest