Зајакнување на стратешките инвестициски врски: успешна промотивна кампања во Виена

5

Во периодот од 24 до 28 ноември, Invest North Macedonia успешно реализираше таргетирана инвестициска промотивна мисија во Виена, Република Австрија, со поддршка на Регионалниот совет за соработка (RCC). Целта на мисијата беше унапредување на економската соработка со Австрија и промоција на инвестициските можности на Северна Македонија пред клучни институционални и бизнис чинители.

Во текот на неделата беа остварени серија високи институционални средби и фокусирани деловни состаноци, насочени кон зајакнување на билатералната соработка, размена на добри практики во промоцијата на инвестиции и идентификација на нови инвестициски можности.

Клучни институционални средби

  • ABA – INVEST in AUSTRIA
    На средбата беа разгледани актуелните инвестициски трендови во Австрија, разменети добри практики во областа на инвестициската промоција и договорени можности за идни заеднички промотивни активности насочени кон австриски компании заинтересирани за регионот на Западен Балкан.

  • Австриска стопанска комора (WKO)
    Разговорите беа фокусирани на конкретни начини за унапредување на билатералната деловна соработка, подобрување на пристапот до информации и олеснување на директен контакт на австриските компании со инвестициските можности во Северна Македонија, особено во приоритетните сектори.

  • Амбасада на Република Северна Македонија во Виена
    Беа координирани идни активности во областа на економската дипломатија и инвестициската промоција, како и можности за дополнително зајакнување на институционалната поддршка за инвеститорите. Амбасадата ќе има активна улога во усогласување на претстојните иницијативи и постратешко вклучување на австриските институции.

  • Македонско–австриски бизнис клуб
    Претставниците на клубот споделија релевантни информации за интересите на австриските инвеститори, тековните билатерални проекти и секторските можности. Посебно беше истакната улогата на македонската заедница и дијаспората во Виена како значаен мост за унапредување на економските врски и деловната соработка.

Деловни средби и промоција на инвестиции

Паралелно, Invest North Macedonia одржа таргетирани деловни состаноци со австриски компании од секторите агробизнис, прехранбена индустрија и металургија. На средбите беа презентирани конкурентските предности на Северна Македонија, вклучително и стратешката локација, квалификуваната работна сила, пристапот до регионалните и ЕУ пазари, како и прилагодените државни мерки за поддршка на инвестициите. Дискусиите беа насочени кон идентификација на конкретни инвестициски проекти и дефинирање на следни чекори за нивна реализација.

Реализацијата на оваа промотивна мисија уште еднаш го потврди интересот на австриските компании за регионот и дополнително ја позиционира Северна Македонија како сигурна, конкурентна и атрактивна инвестициска дестинација, поставувајќи основа за понатамошна соработка и нови инвестиции.

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest
    Cart