Invest North Macedonia со поддршка на домашните компании на SUBEX 2024 во Приштина, зајакнувајќи ги регионалните економски врски

slika1
Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот по трет пат учествува на Supplier Balkan Expo 2024, кој годинава за прв пат се одржува во Приштина, Косово.
Настанот е еден од најголемите и највлијателни на Балканот, наменет за промоција на добавувачи од различни индустрии, овозможувајќи уникатна платформа за воспоставување контакти и создавање нови деловни можности помеѓу компании купувачи од ЕУ и компании добавувачи од Западен Балкан.
На Suppliers Balkan Expo (SUBEX) учествуваат 300 претставници на компании од Германија, ЕУ и регионот, а во текот на денот ќе се одржат повеќе од 250 Б2Б состаноци.
Во рамките на својата стратегија за поддршка на македонските компании и развој на извозниот потенцијал, Агенцијата обезбеди поддршка на 5 компании претставници од домашната индустрија за учество како излагачи на овој настан, од ИКТ секторот, електро-металната индустрија и дрвната индустрија.
Преку директна интеракција со потенцијални партнери и инвеститори, македонските компании ќе имаат можност да ги промовираат своите производи, услуги и експертиза на меѓународно ниво.
Овој настан претставува одлична можност за зајакнување на економските врски помеѓу земјите од Балканот и пошироко, со особен акцент на иновации, технологија и одржливост во индустриските процеси. Агенцијата продолжува со својата посветеност кон развојот на македонската економија преку поддршка на локалните компании и привлекување странски инвестиции.
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest