Invest North Macedonia учествува со национален штанд на 30th Tirana International Fair, кој се одржува од 6 до 9 ноември 2024 година во Конгресната палата, Тирана, Албанија.
Овој истакнат регионален настан обезбедува одлична платформа за македонските компании да ги покажат своите производи и услуги, да ги зајакнат деловните врски и да пронајдат можности за нови партнерства.
На штандот на Invest North Macedonia се претставуваат македонски компании од различни сектори, вклучувајќи дигитален маркетинг, агрибизнис, мебел, ИТ и други индустрии. Во тек се средби со потенцијални партнери, а очекуваме позитивни резултати преку склучување на нови договори и проширување на присуството на македонските производи на регионалниот и глобалниот пазар.
Ве покануваме да го посетите нашиот штанд и да дознаете повеќе за можностите за соработка со македонските компании кои нудат квалитет и иновација на глобалниот пазар.
Tirana International Fair е еден од најважните саеми за индустрија и трговија во регионот, кој привлекува над 30.000 посетители. Настанот е клучен за размена на иновации, напредок на технологиите и зајакнување на економските врски меѓу земјите.