Invest North Macedonia во партнерство со Генералниот конзулат во Минхен беше домаќин на успешен бизнис форум насловен „Бизнис климата и можностите за инвестирање во Северна Македонија“. Настанот собра истакнати компании од ИКТ секторот, автомобилската индустрија и агробизнисот од Германија, заедно со ценети дипломати и други истакнати гости.
Пред присутните се обратија генералниот конзул Јулиана Николова и економскиот советник Абдилџемил Саити, кои ги истакнаа силните економски врски и можности меѓу Северна Македонија и Германија.
Пред официјалниот почеток на форумот, директорот на Агенцијата, Рефик Џемаили упати топло добредојде и изрази благодарност за исклучителната соработка со Генералниот конзулат и ја истакна подготвеноста за блиска соработка со германските инвеститори. Потоа следеше детална презентација за владините мерки за поддршка на инвестициите и новите економски можности за германските компании.
Германските компании во сесијата наменета за прашања и одговори изразија задоволство од презентацијата и можноста директно да се запознаат со инвестициските можности кои ги нуди Северна Македонија.