Успешен бизнис форум во Казерта: Северна Македонија ги продлабочува економските врски со Италија

slika 1
23.09.2024 година – Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, во соработка со CACIM – Camera di Commercio Italiana per la Repubblica di Macedonia del Nord, и со поддршка од Регионалниот совет за соработка (RCC) и Светска банка, организираше бизнис форум во Казерта. Настанот привлече претставници од повеќе индустрии од агробизнисот и секторот за преработки од храна, металната индустрија, електрониката, дрвната индустрија и финансискиот сектор.
Форумот беше отворен од страна на Претседателот на Италијанско-македонската стопанска комора, Енрико Петрела, кој го потенцираше значењето на економската соработка меѓу Италија и Северна Македонија, како и интересот на италијанските компании за проширување на своите бизниси во Северна Македонија.
Директорот на Агенцијата, Рефик Џемаили, во дел од своето обраќање изјави: “Односите меѓу Северна Македонија и Италија се засновани на взаемно почитување и соработка. Италија е наш долгогодишен партнер, и веруваме дека Северна Македонија може да биде клучен пат за италијанските компании кои сакаат да ги прошират своите активности на Балканот и пошироко.”
Oд страна на Агенцијата беа презентирани детални информации за стратешките предности на Северна Македонија, поволната бизнис клима, потенцијалите за раст и развој во клучните индустрии, како и стабилните макроекономски политики на земјата.
Во рамки на форумот, свое обраќање имаше и градоначалникот на Казерта, Џорџио Маглиока, како и ценети гости од политичкиот и општествениот живот во Казерта, и претседатели на неколку стопански комори од Италија. Во своите посебни обраќања, тие ги истакнаа политичката стабилност на Северна Македонија, бизнис-ориентираните политики на Владата, потпишаните трговските договори, како и регионалните партнери како клучни фактори за инвестирање.
Присутните компании изразија значителен интерес за инвестирање во земјоделието, преработката на храна и финансискиот сектор. Ова е само почеток на нови иницијативи и проекти кои ќе придонесат за економскиот развој на двете земји.
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest