Панел дискусија на тема „Перспективи на Странски Директни Инвестиции (СДИ) во Северна Македонија“
Соработката во регионот на Балканот, економскиот развој, странските инвестиции, инфраструктурата, енергијата, туризмот, оддржлив развој беа теми на кои се дискутираше на Економскиот форум– Скопје. Форумот кој е во организација на Делфи Економскиот Форум заедно со грчката бизнис асоцијација од Северна Македонија, го отвори претседателот на владата на РСМ, Зоран Заев. Додека пак амбасадори, министри, владини претставници, истакнати бизнисмени од Северна Македонија и регионот учествуваа во повеќе панел дебати.
Дејан Павлески, директор на Инвест Северна Македонија заедно со Athanasios Savvakis , претседател, Федерација на индустрии на Грција, Маја Филипчева, претседател, Am Cham , Северна Македонија и Ary Naim , Регионален менаџер, Central & SE Europe, International Finance Corp учествуваше во панел дискусијата насловена „Перспективи на странски директни инвестиции во Северна Македонија“.
-„Инвентивноста и иновативноста даваат нов импулс во развојот и се клучни за излез од кризи. Во таа смисла со последните измени на законот за поддршка на инвестициите го стуимулираме и помагаме развојот на R&D активности со 50% од вкупните трошоци„ – нагласи Павлески, говорејќи за поддршката на инвестициите и стимулациите, при тоа ставајќи го акцентот на R&D потенцијалот.