Во просториите на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот се одржа значајна средба со претставници на Корејската агенција за промоција на трговијата и инвестициите – KOTRA.
Директорот на Агенцијата, Рефик Џемаили, оствари средба со директорот на канцеларијата на Корејската агенција за промоција на трговијата и инвестициите во Софија, Rhee Dong-Hyun, кој е задолжен и за Северна Македонија. На состанокот се разговараше за можностите за инвестирање во нашата земја, при што беа нагласени конкурентните предности на Северна Македонија, како што се стратешката местоположба и поволните услови за бизнис.
И покрај глобалните економско-политички предизвици, Северна Македонија останува атрактивна дестинација за нови инвестиции. На средбата беше договорено интензивирање на соработката преку организирање заеднички настан за презентација на инвестициските можности. Дополнително, беше истакнато дека сите заинтересирани корејски компании можат да сметаат на поддршка и партнерство во нивните инвестициони планови.
Заедно кон нови инвестиции и економски напредок!