Потенцијали за соработка меѓу италијански и македонски компании: Посета на компании од агробизнис и индустријата за преработка на храна во Казерта

slika1
Во рамките на посета на Италија, директорот на Агенцијата, Рефик Џемаили посети две компании од агробизнис секторот и секторот за преработка на храна, лоцирани во Казерта, и ги претстави потенцијалите и можностите на Северна Македонија.
Едната компанија, која веќе е присутна со своите производи на пазарот во Северна Македонија од пред еден месец, има можност за зголемување на своето присуство во нашата земја.
Втората компанија од агробизнис секторот има потенцијал за поврзување со македонските компании и воспоставување на деловна соработка.
Посетата беше поддржана од Советот за регионална соработка (RCC) и Италијанската трговска комора за Република Северна Македонија (Camera di Commercio Italiana per la Repubblica di Macedonia del Nord).
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest