Посета на претставник на ММФ во Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот

MMF
На денешната средба во Агенцијата, директорот оствари разговор со претставникот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), од Вашингтон, Rimtautas Bartkus, во рамки на нивната „Fact-finding mission“.
Главната тема на дискусија беше тековната состојба во привлекувањето на странски директни инвестиции (СДИ) и идентификацијата на клучните идни чекори за подобрување на оваа област.
Од страна на Агенцијата беа презентирани најновите странски инвестиции објавени од Владата, при што беше истакнато дека голем број од постоечките инвеститори одлучиле да ја реинвестираат својата добивка. Како главни причини за ова беа наведени поволната бизнис клима, висококвалификуваната работна сила, одличната географска позиција и поддршката од Владата преку даночни олеснувања и финансиска поддршка за инвеститорите во производствениот сектор.
На средбата беше разговарано и за тековните активности на Агенцијата, како и за потребните чекори што треба да се преземат за подобрување на резултатите во привлекувањето на нови СДИ и промоцијата на извозот.
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest