Invest North Macedonia е основана во 2005 година како владина агенција со мисија за привлекување на странски инвестиции, промоција на извозот, поддршка на инвеститорите, воспоставување и зајакнување на деловната соработка меѓу странските инвеститори во земјата со локалните добавувачи.Кога потенцијален инвеститор сака да ги истражи можностите во земјата ние ќе подготвиме посебна програма за да му покажеме на инвеститорот што може да понуди нашата земја. Нашата работа со инвеститорите започнува од фазата на пред-инвестиција, преку реализација на инвестицијата и подоцна преку поддршка на постоечките инвеститори за ширење на нивниот бизнис и реализација на нови инвестициски проекти. Ние го насочуваме процесот за секој инвеститор со цел да ги задоволиме сите потреби на нашите инвеститори и да се осигураме дека сите проекти за СДИ се успешни.
Нашиот тим за грижа на инвеститори ќе обезбеди помош со посредување во име на инвеститорот со локалните власти и Владата за поддршка на инвестициските планови за проширување или реинвестирање, поддршка во добивањето на потребните дозволи и ќе биде на располагање за реализација на постојан успех на вашиот деловен потфат во земјата. Владата на Република Северна Македонија е посветена на економскиот раст и развој во земјата. За таа цел, креирани се мерки за поддршка на економијата, чија основна цел е стимулирање на инвестиции, технолошки развој и зголемување на конкурентноста на македонските компании. Законот за финансиска поддршка на инвестициите ги регулира видовите, износот, условите, начинот и постапката за доделување финансиска поддршка на инвестиции на деловни субјекти што ќе инвестираат во земјата.