Македонско – чешки бизнис форум

1 слика

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот  во соработка со Македонската трговска асоцијација во Република Чешка (Czech Macedonian Association of Commerce), вчера, 21 септември 2023 година во Прага, Република Чешка, ја започнаа дводневната бизнис конференција на тема: „Инвестициски можности и WBIF грант процес, вмрежување и Б2Б средби меѓу македонските и чешките компании од секторите за енергетика, автомобилска индустрија, агробизнис, винска индустрија и градежништво”.

Целта на оваа дводневна конференција  поттикнување на економската соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Чешка, олеснување на можноста за склучување на нови партнерства помеѓу македонските и чешките компании, како и поттикнување на компаниите од Чешка и регионот да инвестираат во нашата држава.

Конференцијата претставува идеална платформа за присутните домашни компании да пронајдат нови патишта за развој на бизнисот и да ги зајакнат врските со компаниите од Република Чешка и регионот.

На конференцијата директорот на Invest North Macedonia, Газменд Абидја во своето обраќање даде поддршка на компаниите – учесници на настанот. По завршување на официјалниот дел од конференцијата, присутните имаа можност да дегустираат македонско вино и храна, како и остварување на деловни средби меѓу компаниите од двете држави.

Во текот на денешниот ден се очекуваат голем број Б2Б средби помеѓу компании од Северна Македонија и Чешка, кои се надеваме дека ќе резултираат со успешна идна соработка.

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest