Зајакнување на соработката помеѓу Invest North Macedonia и AHK Nordmazedonien за поттикнување на поголем економски раст

АХК слика (002)
Во просториите на AHK Nordmazedonien во Скопје се одржа работна средба помеѓу директорот на Invest North Macedonia, Рефик Џемаили, претставници на Агенцијата и директорката на AHK Nordmazedonien, Антје Ванделт. Целта на средбата беше да се продолжи долгорочната соработка меѓу двете институции и да се олеснат странските инвестиции во земјава, со посебен фокус на германските инвеститори.
Invest North Macedonia по трет пат ќе има свој штанд на дводневниот деловен настан Suppliers Balkan Expo – SUBEX, во организација на AHK Nordmazedonien, кој ќе се одржи на 1 октомври во Приштина, Косово. На средбата ја истакнавме нашата заедничка посветеност за зајакнување на врските меѓу двете организации и создавање поволна средина за одржлив економски раст во Северна Македонија.
Соработката помеѓу Invest North Macedonia и AHK Nordmazedonien ќе продолжи со организирање на други настани поврзани со промоција на извозниот потенцијал и претставување на Република Северна Македонија како поволна деловна дестинација.
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest