Директорот Павлески во посета на компании во Истанбул, потенцијалот за инвестиции голем

DP slika

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Дејан Павлески е во дводневна посета на Истанбул, Турција каде ќе оствари работни средби со неколку турски компании кои веќе покажале интерес да вложат дел од својот капитал во Република Северна Македонија.

Денеска и утре директорот Павлески ќе оствари деловна средба со претставници на компании од автомобилската, медицинската и ХВАК индустријата и пред менаџерските тимови ќе ги презентира условите и можностите за водење бизнис во земјава, предностите и законската регулатива поврзана со работата на странските инвеститори. Ќе бидат презентирани и условите и поволностите што Владата на Северна Македонија им ги нуди на странските инвеститори правејќи ја Република Северна Македонија конкурентна пред земјите од соседството.

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest