Директорот Газменд Абдија оствари работна средба со висока бизнис делагација предводена од Амбасадорот на НР Кина, НЕ Џанг Ѕуо.
За време на средбата претставниците на бизнис заедницата од провинцијата Јунан се запознаа со бројните предности и можностите кои ги нуди Северна Македонија и изразија голем интерес за можностите за инвестирање во агрибизнис индустријата, како и за поголеми инфраструктурните проекти.
Стратешката локација, можностите кои ги нуди, како и поволната бизнис клима ја ставаат Северна Македонија високо на мапата на инвеститорите кои бараат можност за проширување на своите бизниси.
Invest North Macedonia останува силно посветена на градење на нови врски и партнерства, како и активна промоција и презентација на можностоите за започнување и водење бизнис пред потенцијалните инвеститори.