Добредојдовте во Invest North Macedonia

Почитувани инвеститори,

Ви благодариме што одвоивте време да ја разгледате Северна Македонија како ваша деловна дестинација. Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот е официјална владина агенција за инвестиции и промоција на извозот одговорна за привлекување странски инвестиции и поддршка на извозната промоција на Република Северна Македонија. Нашата мисија е да ги охрабриме и поддржиме новите странски директни инвестиции во земјата, да воспоставиме и зајакнеме деловна соработка со локални добавувачи и да го промовираме извозниот потенцијал на локалните компании на странските пазари.

Ние нудиме динамична структура подготвена да Ве води низ целиот процес на донесување одлуки преку обезбедување професионална и навремена услуга. Со цел да ги задоволиме потребите на потенцијалниот инвеститор, обезбедуваме општи информации и информации поврзани со индустријата, организираме соодветни маршрути за деловни посети на компании во земјата и тесно соработуваме со владините власти за да овозможиме брзо започнување со работа.

Владата на Република Северна Македонија е посветена на економскиот раст и развој во земјата. За таа цел, создадени се мерки за поддршка на економијата, чија основна цел е стимулирање на инвестиции, технолошки развој и зголемување на конкурентноста на македонските компании. Законот за финансиска поддршка на инвестициите ги регулира видовите, износот, условите, начинот и постапката за доделување финансиска поддршка на инвестиции на деловни субјекти кои ќе инвестираат во земјата.

Ако бизнисот бара изнаоѓање соодветни локални партнери, ние ќе Ве водиме низ процесот и ќе се осигураме дека ќе се одржи отворен истражувачки дијалог. Нашиот тим за грижа на инвеститори ќе обезбеди помош преку посредување во Ваше име со локалните власти и Владата за поддршка на вашите планови за проширување или реинвестирање, ќе Ви помогне во добивањето на потребните дозволи и ќе ви биде на располагање за да обезбедите постојан успех на вашиот деловен потфат во земјата.

Ве молиме контактирајте со нашиот тим за закажување и координација на Вашата посета. Исполнувањето на вашите деловни барања е наша примарна цел!

Со почит,
Дејан Павлески, Директор