Со Законот за финансиска поддршка на инвестиции, Владата на Република Северна Македонија го поттикнува економскиот раст преку поддршка за продуктивни почетни инвестиции заради зголемување на конкурентноста и вработеноста. Многу македонски компании склучија договори за доделување на финансиска поддршка и со тоа ги реализираа своите инвестициски проекти преку кои се зголемува економскиот капацитет на државата.
Деловни субјекти кои можат да бидат корисници на финансиска поддршка се компании кои:
- Започнале со продуктивна почетна инвестиција;
- Имаат зголемување на вкупните приходи од работењето;
- Просечниот број на вработените не им е намален за повеќе од 5%;
- Нови регистрирани компании;
- Прозиводители на текстил и преработки од кожа и
- Компании за производство на воена опрема
Финансиската поддршка може да биде доделена за:
- Нови Вработувања;
- Соработка со локални добавувачи;
- Технолошки развој и истражување;
- Проекти од значаен економски интерес;
- Капитални инвестиции и приходи;
- Откуп на средства од претприатија во стечај или ликвидација и
- Зголемување на конкурентноста на пазарот.
За продуктивни почетни инвестиции од страна на деловни субјекти кои се основани од државјани на Република Северна Македонија, а имаат живеалиште или привремен престој надвор од Републиката износот на финансиската поддршка се зголемува за 15% за оправдани инвестициски трошоци, до 1.000.000 евра годишно.
Закон за финансиска поддршка на инвестиции 2021 (консолидиран текст)
Download Here