Како да аплицираш

Процедура за аплицирање

Барањето за доделување на финансиска поддршка се поднесува до Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија, заедно со:

  • Писмо со намери;
  • Деловен план (бизнис план за инвестицискиот проект) и
  • Финансиски извештаи од претходните три години или за пократок период во зависност од датумот на основање на деловниот субјект.

Барање
Download Here

Писмо со намери
Download Here

Деловен план
Download Here

Правилник за формата и содржината на Барањето за доделување на финансиска поддршка и потребната документација

Download Here

Кон барањето за доделување на финансиска поддршка, барателот потребно е да достави:

  • Тековна состојба за деловниот субјект;
  • Потврда дека над деловниот субјект не е отворена стечајна постапка;
  • Потврда дека над деловниот субјект не е отворена ликвидациона постапка;
  • Потврда од Царинската Управа за платен долг;
  • Потврда од Управата за јавни приходи за платени даноци;
  • Годишни сметки за последните 4 години;
  • Нотарски заверена изјава за веродостојност на податоците во барањето;
  • Извод од Централниот депозитар за хартии од вредност, за подносители согласно членот 33;
  • Копија од акционерска книга, за подносители согласно членот 33 и
  • Потврда од надлежен орган на странска држава, за подносители согласно членот 33.

 *Сите документи да не бидат постари од 60 дена до денот на поднесување на Барањето.

Деловниот субјект кој ги исполнува условите за доделување на финансиска поддршка преминува во следната фаза, во која Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот изготвува нацрт-договор за доделување на финансиска поддршка на инвестиции.

Одлуката за склучување на договорите за доделување на финансиска поддршка ја носи на седница Владата на Република Северна Македонија.

Договорот со деловниот субјект потребно е да биде склучен не подоцна од      15-ти Октомври во тековната година.

Измена на договор за финансиска поддршка

Веќе склучениот договор за финансиска поддршка на инвестиции може да се измени доколку за одреден инвестициски проект деловниот субјект поднесе барање за доделување и на друг вид на финансиска поддршка, најдоцна до 1 Август во тековната година.

Кон барањето за измена на договорот се доставува:

  • Писмо со намери;
  • Деловен план за инвестицискиот проект и
  • Финансиски извештај за последните три години или за пократок период во зависност од датумот на кој деловниот субјект е основан или започнал со дејност.
Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp
Share on email
Share on print