Зошто Северна Македонија

Инвестирај во Северна Македонија

Република Северна Македонија е одличен избор за лоцирање на  деловната активност, од повеќе причини:

  • Предност од стратешката географска позиција, наоѓајќи се на крстосницата на 2 главни европски транспортни коридори;
  • Високо либерализирана политика за надворешна трговија и има потпишано разни билатерални договори кои им овозможуваат на локалните производители слободен пристап до Европската унија и другите пазари, со што Северна Македонија ја прави конкурентна за раст на производството и извозот;
  • Стабилно монетарно опкружување со една од најниските стапки на инфлација во регионот и стабилна валута;
  • Поволен даночен пакет со една од најниските стапки на данок на добивка во светот; покрај тоа, Северна Македонија има неколку слободни технолошко – индустриски развојни зони кои нудат: 10 години даночно ослободување на данок на добивка,  персонален данок на доход, ДДВ, царинските давачки и други;
  • Високо квалификувана работна сила и е една од најконкурентните земји во ЈИЕ во однос на трошоци за работна сила во Европа;
  • Отвореност на Владата за инвеститори и
  • Членка на НАТО и земја кандидат за ЕУ.

 БРЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА КОМПАНИИ  Едношалтерски систем за регистрација на компанија во рок од 4 часа

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp
Share on email
Share on print