Претставена уникатната еколошка машина за чистење на урбани површини
Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, како дел од владиниот економски тим, предводен од Претседателот на Владата, денеска во „Брако” – Велес, присуствуваше на презентацијата на новото еколошко возило за чистење на урбани површини GM 500 H2.
![](https://investnorthmacedonia.gov.mk/stored/2021/03/vozilo-Brako-1-1024x682.jpg)
Новото возило за чистење урбани површини се придвижува на водород кој се смета за најчисто еко гориво. Револуционерната еколошка иновација која воопшто не испушта јаглероден диокид во воздухот е создадена од компанијата “Грин машинс”, чиј доминантен сопственик е велешката “Брако”.
![](https://investnorthmacedonia.gov.mk/stored/2021/03/Direktor-768x1024.jpg)
Покрај машината што користи водород, под брендот „Грин машинс” изработен е и камионот GM995, кое што ќе биде најголемото возило што се произведува во „Брако”.
Дополнително, компанијата инвестира осум милиони евра во нови производствени капацитети, што е значаен чекор во време на глобална пандемија.
Во рамки на циклусот на нови инвестиции, компанијата вложила во напредната технологија на CNC-управувачки машини, нов погон за комплетно еколошко поцинкување, нова опрема за лин-производство, како и во нова менза за вработените.
И покрај кризата, „Брако” не доживеа пад на производството, го зголеми бројот на вработени и сега дел од ова претпријатие се повеќе од 600 лица.
Велешката компанија е меѓу технолошки најсовремените во земјава, а со 95 отсто од производството наменето исклучиво за извоз во над 30 земји, таа е еден од најуспешните извозници во Северна Македонија.