Работна сила

ПАЗАР НА ТРУД

ОПШТ ПРЕГЛЕД

Северна Македонија располага со образована, висококвалификувана и етичка работна сила што им е достапна на странските инвеститори. Просечната бруто месечна плата во 2020 година изнесува 686 евра. Образовните стандарди на високообразовните институции за технички науки се слични на оние од западните земји. Работниците во земјата го поздравуваат континуираното образование и постојаното учење, успешно завршувајќи прилагодени стручни обуки. Владата е подготвена да им помогне на инвеститорите во процесот на обука на работната сила со учество во вакви програми.

ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ

Образовниот систем вклучува задолжително основно и средно образование, како и изучување  на англиски јазик, почнувајќи од првото одделение од основното училиште. Покрај стандардните средни училишта, многу средни стручни училишта во секој град им овозможуваат на учениците да учат разни занаети. Постојат седум јавни и бројни приватни меѓународно признати универзитети и колеџи. Секоја година приближно 80% од матурантите се запишани на универзитетите во земјата, а во изминатите неколку години имаше 35% зголемување на вкупниот број на дипломирани студенти. Со 45% од населението под 30-годишна возраст, земјата нуди млада, образована и квалификувана работна сила.

ПЛАТИ

Просечната бруто месечна плата во 2020 година е 686 евра. Оваа сума вклучува нето плата, персонален данок на доход и социјални придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување и осигурување за вработување. Минималната плата за секоја професионална гранка е дефинирана со колективни договори.

СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ

Владата на Република Северна Македонија во изминатите неколку години значително ги намали придонесите за социјално осигурување. Планирани се понатамошни намалувања и нивно спроведување во зависност од општите економски услови во земјата.

Social Security Contribution in North Macedonia

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp
Share on email
Share on print