Програма

Invest North Macedonia активности

Агендата на Invest North Macedonia за 2021 година е посветена на привлекување странски директни инвестиции и промоција на извозот на македонските производи и услуги. Сите планирани активности за оваа година се проектирани на начин да помогнат во остварувањето на поставената цел за зголемен прилив на СДИ и извозни проекти.

Планираните промотивни активности вклучуваат присуство на меѓународни целни пазари преку изложба на меѓународни саеми и организирање бизнис настани. Другите промотивни активности вклучуваат:промоција на веб-странa www.investnorthmacedonia.gov.mk, портал за браунфилд објекти, Македонски бизнис портал за добавувачи, Портал за извоз, изработка на различни промотивни материјали и локални и меѓународни ПР активности. Invest North Macedonia започнува нова кампања за социјални медиуми во 2021 година.

Напорите за унапредување на извозот ќе бидат посветени на поврзување на потенцијални меѓународни клиенти со локалните извозници и деловни партнери преку промоција на базата на податоци за поврзување на македонските извозни компании. Оваа година ќе продолжиме да ги придружуваме локалните компании преку организирање на заеднички национален изложбен штанд на избрани меѓународни саеми и изложби.

Нашиот тим за услуги на инвеститори ќе стави акцент на градење нови врски и продлабочување на својата индустриска експертиза со цел да им биде целосна услуга на потенцијалните и постојните странски инвеститори. Одделот за грижа на корисници – инвеститори ќе продолжи да обезбедува услуги за олеснување за поддршка на постојните инвеститори во водење на новниот бизнис. Планирано е да се вложат повеќе напори за промовирање на можноста за воспоставување и унапредување на деловната соработка меѓу локалните добавувачи и странските инвеститори преку Македонскиот портал за бизнис добавувачи.

Остануваме посветени на градење на блиска соработка меѓу домашните и странските компании во промовирање на условите и постапката за доделување финансиска поддршка на инвестиции на деловни субјекти кои ќе инвестираат во нашата земја.