Корисникот на финансиската поддршка кој ги исполнил условите согласно договорот најдоцна до 15-ти Ноември во тековната година доставува Барање за исплата на финансиска поддршка со потребната документација до Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.
Кон Барањето за исплата се доставува и следната документација:
- Тековна состојба за деловниот субјект;
- Потврда дека над деловниот субјект не е отворена стечајна постапка;
- Потврда дека над деловнито субјект не е отворена ликвидациона постапка;
- Потврда од Царинската Управа за платен долг;
- Потврда од Управата за јавни приходи за платени даноци;
- Годишни сметки за последните 4 години;
- Нотарски заверена изјава за веродостојност на податоците во барањето;
- Бруто биланс и
- Список на основни средства.
*Сите документи да не бидат постари од 60 дена до денот на поднесување на Барањето.
Правилник за формата и содржината на Барањето за исплата на финансиската поддршка, потребната документација, видовите на оправдани инвестициски трошоци и начинот на спорведување на исплатата на финансиска поддршка (Word верзија на Барањето)
Download Here
Правилник за формата и содржината на Барањето за исплата на финансиската поддршка, потребната документација, видовите на оправдани инвестициски трошоци и начинот на спорведување на исплатата на финансиска поддршка (Excel табели)
Download Here
Барање за исплата на финансиска поддршка за договори склучени согласно Законот за финансиска поддршка бр.83 од 2018 година (стариот закон), односно договори кои немаат склучено анекс на договорите
Download Here
Калкулатор за пресметка на финансиската поддршка
На линкот подолу проверете го износот на државна помош преку употреба на калкаулаторот за пресметка на очекуваната финансиска поддршка
http://calculator.konkurentnost.mk/