Македонски бизнис портал за добавувачи

Вовед

Македонскиот бизнис портал за добавувачи е една од основните алатки за обезбедување на  оперативни комуникации и споделување информации за понудата и побарувачката во сите индустрии, како и поефикасна извозна промоција на македонските производи. Функционалноста на овој портал се заснова на можноста домашните компании да ги објавуваат своите понуди за своите производи и услуги, а во исто време странските компании да ги објавуваат своите барања и потреби од различни области, како што се македонските производи, услуги и човечки ресурси.

Со оваа алатка можеме да Ви помогнеме да ги намалите времето, ризикот и трошоците вклучени во водење бизнис во земјата со идентификување и контакт со македонските добавувачи, како и барањата на странските инвеститори.

Порталот ги обезбедува следниве опции:

  • Бесплатна регистрација на домашни компании и странски субјекти;
  • По регистрација, на странски субјект му е дозволено да бара потенцијални добавувачи од земјата;
  • Македонските компании имаат слободен пристап до објавување на нивните понуди за добра, услуги или да презентираат други форми на соработка со странски субјекти и
  • Корисникот има можност да добие повеќе информации за активностите на Одделот грижа на корисници – инвеститори.

Ние веруваме дека работејќи заедно и градејќи долгорочна врска меѓу домашните компании и присутните инвеститори може да обезбедиме успех во нивното деловно работење во земјата. Invest North Macedonia e професионална и проактивна владина институција ориентирана кон исполнување на барањата на бизнис заедница и промоција на земјата како поволна бизнис дестинација за започнување и водење на бизнис.

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp
Share on email
Share on print