Бизнис клима

Република Северна Македонија има потпишано:

Договори за заштита на инвестициите со следниве земји: Албанија, Австрија, Белгија, Босна, Бугарија, Кина, Хрватска, Чешка, Народна Република Кореја, Финска, Франција, Германија, Унгарија, Индија, Италија, Малезија, Холандија, Полска, Романија, Русија, Србија, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Турција и Украина.

Договори за избегнување на двојно оданочување со следниве земји: Австрија, Албанија, Белгија, Белорусија, Бугарија, Велика Британија, Германија, Данска, Египет, Естонија, Иран, Ирска, Италија, Катар, Кина, Косово, Кувајт, Летонија, Литванија, Мароко, Молдавија, Норвешка, Полска, Романија, Русија, Словачка, Словенија, Тајван, Турција, Украина, Унгарија, Финска, Франција, Холандија, Хрватска, Чешка, Швајцарија, Шведска, Шпанија, Србија, Црна Гора.

Меѓународните извори на македонскиот Арбитрарен Закон вклучуваат билатерални и мултилатерални конвенции, кои што Северна Македонија ги има потпишано или наследено од поранешна Југославија врз основа на сукцесија.

Република Северна Македонија ги има ратификувано:

  • Њујоршката Конвенција  за признавање и извршување на странски арбитражни решенија,
  • Женевската  Конвенција за извршување на странски арбитражни решенија,
  • Вашингтонска Конвенција за решавање на инвестициски спорови меѓу држави и државјани на други држави и
  • Европската Kонвенција за меѓународна трговска арбитража.

Врз основа на македонскиот закон, ратификуваните меѓународни договори имаат предност пред домашното законодавство.

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp
Share on email
Share on print